Прванов тврди дека дел од проблемот лежи во договорот за пријателство, кој не го реши проблемот со општата историја

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 јуни, 2019 23:30

ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРИЈА ПРВАНОВ: “Илинденското востание е бугарско по свој карактер„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Георги Прванов поранешниот претседател на Бугарија, во интервју за „24 часа” рече дека се раѓа антибугарски македонизам во најгруба форма.

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Седефчов Прванов во интервју за „24 часа„ истакна дека за него клучот на решението е да се држи до тоа, дека Илинденското Преображенското востание е бугарско по својот карактер.

Прванов тврди дека дел од проблемот лежи во договорот за пријателство, кој не го реши проблемот со општата историја, „како тоа што го направија Грците“ и оти тој проблем е префрлен врз една комисија која нема мандат за такво нешто.

Избран е за претседател на Република Бугарија на изборите во ноември 2001 г. Стапува на должност на 22 јануари 2002 г. Се сметаа, дека владината коалиција БСП-НДСВ-ДПС, која што е на власт во Бугарија по парламентарните избори во 2005 г., е не само поткрепена, но и создадена од него.

Тој е политичар од Бугарија и претседател на Република Бугарија, избран е на 18 ноември 2001 г. Пред тоа бил претседател на Бугарската социјалистичка партија.

– За мене клучот на решението е да држиме до тоа дека Илинденското Преображенско востание е бугарско по својот карактер, затоа што населението има бугарско сознание, зашто такви се целите на внатрешната револуционерна организација…Ако тоа се реши, назад во историјата очигледно процесите имаат бугарски карактер. – вели Прванов.

 Во 1981 г. дипломирал на Историскиот факултет на СУ „Св. Климент Охридски“ – Софија. Во 1988 г. докторирал во областа на историјата со тема „Димитар Благоев и бугарскиот национален проблем 1879-1917“. 

Во 1981 г. се вработува во Институтот за историја на БКП како научен соработник. Од 1989 година е виш научен соработник. Во периодот 1992 — 1996 е директор на Центарот за историски и политиколошки истражувања кон Вишиот Сoвет на БСП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести