На денешната 126-та седница владата и официјално ги потврди новите имиња на информативната агенција МИА,  ЕЛЕМ и „Македонски пошти“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 март, 2019 20:21

Елем од денеска е ЕСМ, променето е името и на Македонска пошта: Ова се новите имиња на институциите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На денешната 126-та седница владата и официјално ги потврди новите имиња на информативната агенција МИА,  ЕЛЕМ и „Македонски пошти“.

„На денешната владина седница беше разгледан и усвоен и Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој новиот назив на АД Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), новиот назив на АД Електрани на Македонија – ЕЛЕМ ќе гласи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), и новиот назив на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ во државна сопственост – Скопје, ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје.

Во таа насока, се усвои и предлог одлука за изменување и дополнување на Статутот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија со која се преименува во Електрани на Република Северна Македонија, АД ЕСМ Скопје.“, соопштија од Владата.

Вкупно 136 институции државни, јавни и оние финансирани од Буџетот, треба да бидат преименувани согласно Преспанскиот договор и направените уставни измени. Некои од нив ќе ја добијат додавката „северна“, а некои со „национална“.

Согласно Одлуката, институциите ќе треба да направат промени на јавните табли на своите влезови во однос на името на државата, ќе треба и да проверат дали се променети сите нивни дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-странци, медиуми,…), како и меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120. седница, и во рок од седум дена до Меѓуресорска работна група да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.

Извор: Курир

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.