Од АД ЕЛЕМ додаваат дека, тоа не е компанија ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 април, 2019 17:57

ЕЛЕМ со остра реакција: Ние не сме компанија ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашното соопштение на ВМРО, каде од партијата упатуваат неосновани и неиздржани критики за работењето на ЕЛЕМ, денес од компанија излегоа со остра реакција и демант на соопштението од опозицијата.

АД ЕЛЕМ испраќа остра реакција на соопштението на партијата ВМРО ДПМНЕ во кое се упатуваат неосновани и неиздржани критики за работењето на компанија. Таквите коментари се уште понелогични кога ќе се земе предвид историски најголемата добивка на АД ЕЛЕМ во 2018г. од речиси 30 милиони евра, за која информиравме вчера,стои во соопштението на ЕЛЕМ,објавено на нивниот официјален портал.

ЕЛЕМ од продажба на произведените вишоци електрична енергија во 2018 година оствари приход од 21 милион евра, преку одлично изведените и синхронизирани продажби на вкупно 353.320 MWh енергија со просечна цена за околу 50% повисока од регулираната цена на електрична енергија.

Од АД ЕЛЕМ додаваат дека, тоа не е компанија ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ, ниту на било која друга политичка опција, туку е компанија на сите граѓани на Р. Северна Македонија. И наместо најголемиот профит што го направила компанијата од нејзиното постоење и кој е профит на сите граѓани на Р.Северна Македонија, да биде поздравен, најмалку што се очекуваше денеска е да биде направен обид тој успех да биде минимизиран со неиздржани и неточни информации, пишуваат во соопштението.

Ако со ова се сакаше да се покрие работењето на компанијата во изминатите години, кога АД ЕЛЕМ работел дури и со загуба од 14 милиони евра во одредена година, тоа е некоректно кон самата држава и граѓаните, со оглед на тоа што компанијата ни припаѓа на сите нас.

Од ЕЛЕМ, велат дека за тоа како менаџира компанијата говори фактот што од продажба на произведените вишоци електрична енергија во 2018 година остварен е приход од 21 милион евра, преку одлично изведените и синхронизирани продажби на вкупно 353.320 MWh енергија со просечна цена за околу 50% повисока од регулираната цена на електрична енергија.

Исто така, сакаме да потенцираме дека компанијата не се користи за ,,згрижување и плаќање на семејствата на функционерите на власта”, туку во компанијата се вработени стручни лица кои помагаат за нејзино успешно и профитабилно работење, што се докажа во 2018г. Сите вработени во АД ЕЛЕМ, од прв до последен, без оглед на нивната партиска, политичка или верска припадност, сестручни за својата работа и придонесоа и продинесуваат за успешното работење и за постигнатата добивка од околу 30 милиони евра во 2018г.

АД ЕЛЕМ е уверен дека овие изнесени лаги и невистини уште повеќе ќе ги поттикнат нашите 4 700 вработени со нивното домаќинско и одговорно работење да постигнат уште подобри резултати во иднина, стои во соопштението на компанијата.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.