На гала настанот присуствуваа бројни личности од политичкиот и јавниот живот, меѓу кои сопругите на нашите познати политичари.

Објавил: admin@magazin | 5 јули, 2019 1:33

Елизабета Пендаровска и Зорица Заева во МОДНА КОМБИНАЦИЈА, на прославата на Денот на независноста!

Фото/Текст извор: ©гламур.мк

Вчера во американската амбасада се славеше „Денот на независноста“.

На гала настанот присуствуваа бројни личности од политичкиот и јавниот живот, меѓу кои сопругите на нашите познати политичари.

Најмногу внимание привлече македонската прва дама, Елизабета Пендаровска која на настанот се појави во тренди фустан-кошула и чизмички до глужд, додека нејзиниот сопруг, Стево Пендаровски носеше патики, темни фармерки и кежуал палто.

Еве како изгледаше првата дама на Македонија, но и сопругата на премиерот на прославата на Денот на независноста.

За разлика од нашата прва дама, сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева, се појави во елегантен црн фустан со интересен дезен во бела боја, а целото издание го зачини со црни салонки со отворени прсти.

Инаку, официјалниот моден кодекс на вакви официјални настани подразбира комплети со пристојна должина, и сакоа во комбинација со панталони и фустани (со должина до и под колена), пристојни блузи, маици, а се препорачува и рамениците да бидат покриени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Убавина

Во истиот овој период, поради возбудата, нејзината физичка појава е уште попривлечна од претходно, а тоа објаснува и зошто се појавуваат нови додворувачи.

Вљубувањето го менува телото на жените

Во нејзиното тело, кога сфаќа дека е вљубена, почнува да се продуцира специфичен протеин...

Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина.

СКОПЈЕ ПОБОГАТО ЗА НАД 3.000 НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ – СЕ ИСЦРПИЈА СИТЕ СРЕДСТВА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди...