Елиф Елмас е позитивен на коронавирус

Објавил: Македонка Димкин | 30 декември, 2021 22:24

Елиф Елмас дојде во Македонија и e позитивен на коронавирус!

Фото/Текст извор: ©фејсбук

Македонскиот репрезентатативец Елиф Елмас дојде во Македонија на петдневен мини одмор и се зарази со Ковид-19. Тој повторно е позитивен на коронавирус и ќе го пропушти дерби дуелот меѓу Јувентус и Наполи на стартот од новата 2022 година.

„Елиф Елмас е позитивен на коронавирус, на тестирањето извршено во Македонија пред неговото враќање во Италија. Фудбалерот е вакциниран и нема никакви симтпоми, но наредниот период ќе го мине во самоизолација“, објави Наполи.

Ова е вторпат Елиф Елмас да биде позитивен на Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.