Љубопитен сум каде во азил ќе одиш ти, или ќе завршиш и ти кај твојот стратег Груевски!

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 август, 2019 11:16

Ел Чека до Заев: “Љубопитен сум каде во азил ќе одиш ти, или ќе завршиш и ти кај твојот стратег Груевски”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бомбашот Ел Чека кој од САД објавува прислушкувани разговори на високи функционери на ДУИ, сподели статус на социјалните мрежи кој е поврзан со аферата Рекет.

Ел Чека на својот Фејсбук профил го запраша премиерот Заев во кој азил ќе оди или ќе заврши како неговиот стратег Груевски. Чека порача дека ќе донесе сапун од Америка за Заев и Боки 13, за како што вели тој, пријатно триење.

–Откако ме осудивте на 5 години затвор Зоки, колку би се дале себе си за истиот прекршок и за рекетирањето кои го прават твоите колеги од Камчев, до Бујар Османи во соработка со Боки и Ката? Љубопитен сум каде во азил ќе одиш ти, или ќе завршиш и ти кај твојот стратег Груевски! Ќе ви донесам сапун од Америка и на тебе и на Боки, пријатно триење!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Шеќерим Ахмети или како што е познат под псевдонимот Ел Чека, веќе подолго време објавува прислушкувани разговори на функционери на ДУИ, но ветува дека ќе објави и други разговори се додека не се иницира меѓународна истрага за случајот во Куманово и додека политичката партија ДУИ не биде протерана од владата.

По неодамнешната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за „бомбите“ пред повеќе од две недели, кој велеше дека не му ја загрозуваат ни најмалку позицијата во власта, ДУИ повеќе не излезе со ниту еден коментар во врска чинот на објавувањето на бомбите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.