Бесими одговара: Чекај полека, кошули и вратоврски ќе ги ставам на проекти од ИПА фондови, и овие одела и чевлите ќе ги обезбедиме од ИПА Фондови, му вели Фатмир Бесими на Фатмир Дехари.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јули, 2019 15:10

ЕЛ ЧЕКА ЗГРМИ СО НОВА БОМБА: Бесими се расфрла со парите на ИПА, му купувал скапа облека на ДЕХАРИ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во новата бомба што ја објави Ел Чека, Шефот за Евро Интеграции, Фатмир Бесими му купува облека на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари со пари од ИПА фондови на ЕУ, објавува Вечер.

Нови „бомби“ осамнаа на Фејсбук профилот на Ел Чека, во кои повторно на мета се функционери на ДУИ.

Во новите снимки објавувачот ги посочува актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари и шефот за Евро Интеграции, Фатмир Бесими, во кој му купува облека на Дехари со пари од ИПА фондови на ЕУ.

 Ел Чека во наредните денови се заканува дека ќе пушти нови бомби!

– 42 ги имаш кошулите?
– 42 слим филд, ми текна
– Денес сум облечен со тафт
– Да
– Е ја немам со мене, црната кошула….
се зборува за комбинирање на јоргован боја кошула со кафеаво одело и кравата која треба да биде во контра боја, како и за шопинг од марка Бос.

– Кошули 42 слим филд, кондури 43, 52 слим филд панталони. 12 години сме заедно – му вели Дехари на Бесими.

Бесими одговара: Чекај полека, кошули и вратоврски ќе ги ставам на проекти од ИПА фондови, и овие одела и чевлите ќе ги обезбедиме од ИПА Фондови, му вели Фатмир Бесими на Фатмир Дехари.

Како што вели Ел Чека, тој поседува повеќе од 6 илјади прислушувани разговори, кои ќе ги предаде на ЦИА и американската амбасада во Скопје.

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интетес. *Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести