Ел Чека продолжува да објавување нови снимки од нелегално прислушуваните материјали и се подбива со поздрав „од блокираниот Фејсбук“

Објавил: Мате Парлоф | 31 мај, 2019 11:32

Ел Чека од Чикаго: Или ќе ги уапсите криминалците од ДУИ, или Заев ќе падне!

Фото/Текст извор: ©магазин

“Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат, за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје. Или ќе бидат затворени криминалците, или владата на Заев ќе падне!“, пишува Чека на својот Фејсбук профил. Ел Чека, кој живее во Чикаго, им порачува на лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и на партиските функционери Муса Џафери, и на Беќир Асани од Чаир дека ќе мора да ја сфатат неговата упорност за ова прашање. Тој утринава објави нови десет “бомби“, а се шпекулира дека поседува стотици разговори. Самиот Ел Чека тврди дека има уште многу прислушкувани снимки кои тврди дека лично му ги пратил “Командант Соколи“, кој моментално се наоѓа на издржување казна затвор во КПД Идризово.

Вчера премиерот Заев изјави дека не ги слушнал бомбите на Ел Чека и не знае дали тие биле дел од материјалите кои тој нелегално ги поседуваше кога беше во опозиција. Но, Ел Чека продолжува да објавување нови снимки од нелегално прислушуваните материјали и се подбива со поздрав „од блокираниот Фејсбук“, бидејќи бомбите продолжи на големо да ги објавува иако МВР пред два дена информира дека ја известиле социјалната мрежа и побарале да биде блокиран тој профил. Новите дестина бомби претежно се разговори помеѓу функционери на ДУИ, а во нив се слушаат многу пцовки, меѓусебни напади, но има и индиции за криминал кај одредени раководни лица од оваа партија.

Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Јавното обвинителство. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста – велат од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести