Ел Чека продолжува да пука по ДУИ

Објавил: Узунов Бобан | 1 август, 2019 14:06

Ел Чека со нова бомба за ДУИ: Ејуп Алими и Муса Џафери вработуваат ќерка на претседател на суд за услуга на градоначалник !

Фото/Текст извор: ©магазин

Kичевецот Шеќерим Ахмеди зад кој стои името на Ел Чека денеска објави нови прислушувани разговори за функционери од ДУИ.

Тој тврди дека на снимката се слушаат гласовите на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, и на Муса Џафери, кои наводно договараат вработување на партиски кадри.

„Градоначалникот на општината има еден предмет кај тој судијата и треба да му ја вработиме ќерката“, се слуша од снимката.

Ел Чека претходно објави дека поседува повеќе од 6 илјади прислушувани разговори. Тврди дека ги добил од припадници на групата осудени во случајот „Диво Насеље“. Дел од профилите со ова име на фејсбук веднаш беа отстранети, но веднаш потоа беа креирани нови со иста слика и име.

Обвинителството го товари Ахмеди за неовластено прислушување и тонско снимање.

Претходно Ел Чека упати и порака до Заев за криминалот. 

Зоран Заев знам дека те боли што ти пропадна организираниот криминал што го имаше во СЈО, ти пропадна планот за рекетирање и уценувања. Јас сум ги прекршил законите?“ – пишуваше Ел Чека.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести