Францускиот претседател сега е во самоизолација од каде што ќе продолжи да ги извршува своите должности, објавија од неговиот кабинет.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 декември, 2020 11:05

Емануел Макрон е позитивен на ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Франција Емануел Макрон е инфициран со корона вирусот, пренесуваат медиумите од оваа земја!

Францускиот претседател сега е во самоизолација од каде што ќе продолжи да ги извршува своите должности, објавија од неговиот кабинет.

Тој се тестираше набргу откако му се појавија први симптоми.

Тој ќе продолжи да работи и да ги извршува своите обврски од дистанца“, соопштија од претседателската резиденција.

Макрон се квалификувал за вториот круг на избори во првиот круг на 23 април 2017 година. Победи во вториот круг на претседателските избори на Франција на 7 мај 2017 година победувајќи ја кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен со голема разлика.

Со своите 39 години, тој е најмладиот претседател во француската историја и најмлад француски водач на држава после Наполеон

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.