Меган и јас се упатуваме кон непознато, но навистина немавме друг избор, рече принцот Хари на првото појавување во јавноста, откако го објавија заминувањето од службените должности во британското кралско семејство.

Објавил: Весна Петровска | 20 јануари, 2020 11:20

ЕМОТИВЕН ГОВОР НА ПРИНЦОТ ХАРИ: Британија е мојот дом и место кое го сакам – тоа нема да се промени! ЈАС НЕ ОДАМ НИКАДЕ!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Емотивен говор на принцот Хари по неговата одлука за откажувањето од своите кралски должности. По неговата одлука целиот свет се шокираше, кралското семејство луто на принцот, но многумина и го поддржаа. Принцот Хари секојдневно е топ тема во светските медиуми некои весници пишуваа дека неговата одлука е одмазада за неговата трагично агината мајка Дајана, наводно Хари ги обвинува својата баба и татко за смртта на неговата мајка, што тоа и сите сведски медиуми пишуваа индиректно.

Меган и јас се упатуваме кон непознато, но навистина немавме друг избор, рече принцот Хари на првото појавување во јавноста, откако го објавија заминувањето од службените должности во британското кралско семејство.

-Сакам да појаснам дека Меган и јас не одиме никаде- рече принцот во говорот вчера вечерта во Лондон на добротворна вечера организирана од Сентебале, организација за помош на деца заболени од СИДА во Јужна Африка, чиј основач е Хари.

-Велика Британија е мојот дом и местото што го сакам и тоа нема да се промени- додаде тој.

Двојката на Твитер минатиот месец соопшти дека ќе се повлече од позицијата „високи членови на Кралското семејство“ и ќе се обидат да станат финансиски независни.

-Можам да замислам што слушавте и читавте во изминатите недели. Затоа, сакам да ја слушнете вистината од мене, колку што можам да споделам со вас – не како принц или војвода, туку како Хари- рече Хари.

Јас секогаш ќе имам најдлабока почит кон баба ми, мојот главен командант, истакна тој.

-Се надевавме дека сè уште ќе можеме да им служиме на кралицата, комонвелтот и моите воени здруженија, но без јавни пари. Тоа, за жал е невозможно. Се согласив со тоа, знаејќи дека тоа нема да влијае ниту врз мене како личност, ниту врз мојата лојалност- рече Хари.

Кога Меган и јас се венчавме, “бевме возбудени, надежни и подготвени да служиме. Затоа, јас сум многу тажен што вака заврши. Мојата одлука да се повлечеме со мојата сопруга не беше лесна, додаде тој.

-На ова му претходеа повеќемесечни разговори и години на предизвик и знам дека не секогаш правев сè како што треба, но во овој поглед, навистина немаше друг избор- заклучи принцот.

Текстот на говорот е објавен на Твитер профилот на парот, пренесува Би-Би-Си.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...