Пред ракометниот натпревар атмосферата ја загреа групата „Некст Тајм„ ја испеа популарната „Излези Ѓурѓо“, а заедно со нив грмеа уште 7.000 грла, присутни на трибините во Јане Сандански.

Објавил: admin@magazin | 25 април, 2019 21:11

ЕМОТИВНА ИЗВЕДБА: Некст Тајм “ГРМИ„ заедно со 7.000 грла во Јане Сандански ја испеаја „Ја излези Ѓурѓо“

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ракометарите на Вардар вечерва го играат последниот натпревар во Лигата на шампионите во истиот состав.

Македонскиот ракометен шампион Вардар по првиот дел во „Јане Сандански“ има предност против Пик Сегед со 14:12, иако таа предност можеше да биде и поубедлива и подобра.

Пред ракометниот натпревар атмосферата со емотивна изведба ја загреа групата „Некст Тајм„

Тие ја испеаја популарната песна „Ја Излези Ѓурѓо“, а заедно со нив во салата грмеа уште 7.000 грла, присутни на трибините во Јане Сандански.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ облечен во дрес, вечерва испрати поддршка на ракометарите на Вардар. Тој пред граѓаните на Бутел истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е во значителна предност во однос на СДСМ и професорката Гордана Силјановска Давкова, во однос на Стево Пендаровски.

Поодршка на ракометарите испрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечерва облечен во дрес оствари посета во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел каде ги поздрави членовите и симпатизерите на партијата.

„Нешто ќе те питам бабо“ е најновата преработка на „Некст тајм“ која имаше 275.000 прегледи за два дена, со видео запис во режија на Огнен Шапковски.

„Некст Тајм” допре до срцето на секој Македонец, а кон крајот на март во Драмскиот театар во Скопје, братското дуо „Некст Тајм“ по пауза од две години го промовираше видеото за својата нова песна, која е преработка на добро познатата „Нешто ќе те питам бабо“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани