Со одбивањето на жалбата на Никола Груевски и неговиот адвокатски тим, кривичниот Совет пд Скопје 1 доцна попладнето во Петокот, одлучи дека Груевски мора во затвор.

Објавил: Македонка Димкин | 11 ноември, 2018 8:23

Емотивна порака на Никола Груевски до чесните Македонци!

Фото/Текст извор: ©магазин

Никола Груевски , „Ќе им порачам: на власт се доаѓа и се заминува. Во затвор се влегува и се излегува. Пари се заработуваат и се трошат. Политичка подршка се добива и се губи. Мандати почнуваат и завршуваат.

Но, достоинството кога се губи, се губи засекогаш. Тоа го губат тие кои полни со омрза ме прогонуваат и неможат да се помират дека неможат да ме скршат, иако пробаа се, буквално се’.

Бесни се, ќе им дојде крајот. Иднината им припаѓа на оние кои најдолго и најдалеку се сеќаваат на минатото. (Ф.Ниче).

Јас сум ништожен и беззначаен во однос на илјадниците жртви дадени за делото и каузата за која со генерации македонските патриоти и маченици пред кои стојам мирно и се поклонувам, се бореа, гинеа, страдаа, беа затворани, понижувани и угнетувани.

Затоа, главата горе мои сопартијци и чесни Македонци. И не заборавајте: ќе ги победиме!“

Никола Груевски – Почесен Претседател на ВМРО – ДПМНЕ


Никола Груевски е осуден на две години затвор поради тоа што “влијаел”каде да се набави возилото со кое денес гордо се чекаат и возат светските државници во Македонија.

Еден познат Швајцарски Адвокат од канцеларијата Ландсман вели дека, ова е преседан со скриени намери, прво не се докажа кој ги снимаше разговорите и никој не се осуди за истото, со што ке се воведеше и увертирата на правниот субјект “Државата пред се” по што можеше да добијат на тежина и прислушкуваните разговори.

И ако е се така како што тврдат Македонските колеги , тогаш највисоката казна ќе беше парична. Возилото не е во рацете на осудениот ниту па било планирано да се одметне. 

И други правни лица од европскиот континент со кои се советувавме со сличен заклучок, овде немаше злоупотреба, на службена должност, возилото и денес се користи со “ полна пареа” Цената на возилото е во нормалата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести