По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, Заев најави повлекување, по што беше договорена техничка влада од јануари и вонредни избори во април идната година.

Објавил: Весна Петровска | 20 ноември, 2019 10:06

ЕМОТИВНО ИНТЕРВЈУ НА ЗАЕВ ЗА ЊУЈОРК ТАЈМС: Се кршам одвнатре, тешко ми е!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Њујорк тајмс“ иазјави дека светлината на Европа е нашата водилка, сега кога тие згаснаа ние сме во темница и кој знае каде може да тргнеме.

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, Заев најави повлекување, по што беше договорена техничка влада од јануари и вонредни избори во април идната година.

Прашан зошто се одлучил за така драматичен чекор, тој вели дека немал избор.

– Ако не организираме избори, национализмот ќе расте. Преплашен сум, вели Заев во интервју за „Њујорк тајмс“.

Според весникот, пред само два месеца, лидерот на малата балканска земја одеше високо, поздравен од светските лидери и пофален од првиот човек на ОН за понудената ретката светла точка во инаку проблематичното глобално опкружување, по што се најде и на листата на кандидати за Нобелова награда за мир.

Премиерот Зоран Заев ја заложи својата политичка кариера и иднината на својата земја за решавање на тридеценискиот спор за името со соседна Грција. Со често макотрпна дипломатија и против сите очекувања, тој успеа. Но, како што седи во својата канцеларија во главниот град Скопје, сето тоа изгледа така далечно, пишува Марк Сантора, дописникот на „Њујорк тајмс“ од Варшава одговорен за Централна и Источна Европа.

– Се кршам одвнатре, вели Заев, во интервјуто.

Промената на името, според весникот, се очекувало да го расчисти патот на Северна Македонија за пристапување кон Европската унија, но минатиот месец Франција стави вето на одлуката, барајќи реформа на процесот на проширување на Унијата. Тоа ја дестабилизира владата во Скопје и уште пострашно, наведува весникот, се заканува на кревкото статус кво во регионот по крвавиот распад на Југославија во 1990-тите.

– Тоа ме уништи лично, психолошки, вели Заев за „Њујорк тајмс“, изразувајќи загриженост не само за себе и земјата, туки и за стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.

Национализмот и радикализмот повторно може да добијат на сила, вели Заев, додавајќи дека повторно постои ризик од отворен внатрешен кофликт во државите, но и од нови конфликти меѓу државите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести