Бизнисменот тврди дека Јовановски му тврдел дека магистрирал во Рим, Италија и дека знае многу околу правните работи. Камчев тврди дека моќта на Боки била страшна, дека тој бил кланица во јавноста, а Јанева пред јавноста била Чарлиев ангел.

Објавил: Весна Петровска | 6 декември, 2019 15:19

ЕМОТИВНО: Камчев заплака во судница

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Во текот на сведочењето Орце Камчев денеска рече дека е изненаден од фактот што Боки 13 пред судот кажал дека е студент.

Бизнисменот тврди дека Јовановски му тврдел дека магистрирал во Рим, Италија и дека знае многу околу правните работи. Камчев тврди дека моќта на Боки била страшна, дека тој бил кланица во јавноста, а Јанева пред јавноста била Чарлиев ангел.

Со разговорите на интерфон што Боки13 му ги пуштал со одредени соговорници, Камчев вели дека му се чинело дека тој знае сè и дека сака да го импресионира.

Исто така Орце Камчев пред судијата се расплака додека сведочење за случајот „Рекет“.

-Истиот тој бил во предметот наречен од Бојан Империја, од Бојан не од Јанева. Во кој што биле поголема група на луѓе и бил тргнат во месец септември од кога Бојан му се јавил, човекот беше целиот оболен. Му се јавил и му рекол дека доколку не сака да биде дел од „Империја“ он го знаел и насловот на „Империја“ ги знаел и луѓето кои што биле внатре дека треба да плати пари. Мојот другар му плати 10 илјади евра во Скопје, кога го отвориле случајот „Империја“ он избегал во Србија се уплашил. Бојан повторно му се јавил еве виде што се деси, доколку не ја исполниш обврската ќе биде лошо и за тебе. Во Белград му исплатил уште 250 илјади евра, вели Камчев.

За потсетувње, првотот рочиште за случајот Рекет се случи на 3. декември, на кое третоосомничениот Зоран Милевски познат како Кичеец ја призна вината за „Рекет“, а Катица Јанева и Бојан ЈОвановски се изјаснија за невини и дека ќе одат до крај за да го докажат тоа.

Зоран Милевски доби три годишна затворска казна за „Рекет“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.