Иако без искуство зачекори меѓу диреците, а уште на првиот меч против Монпелје на гости на воведниот меч сезонава блескаше и најави големи работи и за него и за Вардар.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 јуни, 2019 18:38

ЕМОТИВНО МИЛОСАВЉЕВ: „Многу ми е тешко што си одам од ВАРДАР – Македонци драги разберете ме!

Фото/Текст извор: ©мквести.мк

Дојде како тотален анонимус за да го замени „Арпад Велики“ на голот на Вардар, а за една сезона српскиот октопод Дејан Милосављев се претвори во една од клучните фигури во прежалениот состав на Вардар пред стартот на сезоната во испишувањето на бајката како за филм со освојувањето на европската круна вчеравечер во Келн.

Милосављев дојде тивко како прво голманско решение по заминувањето на Штербик, а пред два дена во „Ланксенс Арената“, младиот српски чувар на мрежата успеа да го победи својот претходник и со брилјантни одбрани на фајнлфорот, да даде неверојатно голем придонес во втората европска титула во историјата за црвено-црните.

Милосављев по само една сезона, една европска титула си оди од Вардар и од Македонија, ќе ја продолжи кариерата во германски Фуксе Берлин како дел од новиот бран на егзодус што го зафаќа македонскиот и европски првак, по најавите од раководството дека нема да продолжи финансирањето на клубот од актуелниот прв човек на клубот Сергеј Самсоненко.

„Ова што сега го доживеав мислам дека нема да го доживеам за цела кариера. Свесен сум за тоа и сега ми е многу ми е тешко… Многу ми е тешко што си одам од Вардар. Луѓето понекогаш мислат дека човек може да живее од љубов за да го прехрани своето семејство. Тоа се некои сериозни работи за кои и не сакам да зборувам. А, ние уште не знаеме дали Вардар ќе постои, а ја освоивме Лигата на шампионите. Играчите се надеваат, а и јас сакам да биде сѐ нормално. Јас само се надевам дека сите Македонци, дека сегашниот претседател, бившиот претседател ќе овозможат да може сите да бидат горди и јас посакувам и се надевам дека тоа ќе го направат за Вардар и за цела Македонија“, вели емотивно Милосављев.

На почеток е на својата кариера, а за една година се промовираше во најдобар голман во Европа. Вардар му е во срцето, како и Скопје и Македонија, па на целата јавност ѝ порача дека сака да го разберат зашто заминува, но со најава дека сонува повторно да се врати и да биде дел од црвено-црното семејство.

„Јас ова што го доживеав никогаш нема да ми биде сеќавање, туку ќе живеам со тоа и ќе сонувам еден ден повторно да дојдам во Вардар, да ова го повториме со луѓето кои ова го приредија. Можам да кажам дека во Скопје доживеав нешто што не се опишува. После мечот со Сегед, ми бакнуваа рака, ме бакнуваа во глава… Тоа не се мали работи, јас сето тоа многу го почитувам. Секоја чест! Останува жал што си одам од Вардар, но мислам дека на овој клуб му дадов сѐ од себе и одевме до коска што се вели, до самиот крај и само се надевам дека Македонците кои ме поддржуваа до сега, ќе ме поддржуваат и во иднина. Сакам само да ја разберат мојата одлука и само да се стават во мојата ситуација – ќе разберат сѐ. Им благодарам за сѐ“, додава Милосављев.

Иако без искуство зачекори меѓу диреците, а уште на првиот меч против Монпелје на гости на воведниот меч сезонава блескаше и најави големи работи и за него и за Вардар. Тогашниот европски првак беше на колена, а Милосављев беше недовладлив. Од тој меч, па се до вчерашното финале, бранеше на неверојатно ниво, за кое и самиот вели дека дури му делува и нереално.

„Овој тим и овие луѓе во Вардар направија како пет години да играм Лига на шампиони, така пренесоа некое знаење и искуство на мене и на останатите млади играчи, да сето тоа стана така нормално и нереално. Искрено да кажам – не знам кај се наоѓам. Стручниот штаб со тренерот на голманите (Дејан Периќ – н.з.) толку добро ја одработи работата, што јас сум горд на Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, на Дејан Периќ, на сите останати играчи. Мислам дека Македонија и сите треба да бидат горди и да успеат да го одржат овој клуб на ова ниво какво што е сега. И Вардар да остане гордост на Македонија! Би сакал вака да биде и во следниот период“, завршува Милосављев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...