Кон додаде дека мерката за која тој лично се залага е затворање на образовни институции за 6 до 8 недели, односно до крајот на учебната година, по што треба да се организира летно училиште и надомест на часови.

Објавил: Перо Милчин | 14 март, 2020 17:27

Епидемиологот Предраг Кон: Ќе поднесам оставка ако училиштата се затворат на само две недели!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Епидемиологот Предраг Кон изјави денеска дека ќе си даде оставка од Кризниот штаб COVID-19 на Владата на Србија, во случај да не се почитуваат стручните мерки против ширење на вирусот корона, односно ако училиштата во Србија биле затворени, на пример, само две недели.

Тој за ТВ Прва објасни утрово дека е против затворање на училиштата на само две недели, како на пример во Црна Гора.

Кон додаде дека мерката за која тој лично се залага е затворање на образовни институции од 6 до 8 недели, односно до крајот на учебната година, по што треба да се организира летно училиште и надомест на часови.

Тој изјави за ТВ Прва утрово дека „смета дека одлуката (затворање на училиштата) е веќе донесена“ и дека се уште се очекуваат повеќе заразени пациенти во Србија.

Вучиќ на денешната прес конференција за јавноста, оцени дека Србија ја очекувааат тешки времиња кога станува збор за состојбата со коронавирусот, бидејќи сè очекува зголемување на бројот на заразени лица, но исто така истакна дека државата направила голема работа во последните 24 часа за обезбедување целосна контрола и надзор над обезбедувањето на основните прехранбени производи.

– Сега сме деветти ден и очекуваме голем раст, многумина од нас ќе ги загубат своите најблиски, а нашата цел е да го намалиме тоа колку што можеме и да обезбедиме животот да победи во Србија, порача Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.