Епидемијата од мали сипаници е законска, но наредбата деца кои не се вакцинирани да не се примаат во предучилишните установи не смее да е забрана туку превенција

Објавил: Мартин Попоски | 3 јануари, 2019 10:30

Епидемија на морбили во Скопје, невакцинирани деца нема да бидат примани во градинките

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за здравство, Венко Филипче, прогласи епидемија од морбили на цело подрачје на градот Скопје.

Воедно Филипче предложи мерки за населението како да се заштити ширењето на ова исклучително опасно заболување, од кое луѓето можат да се заштитат со вакцинација.

Освен седумте случаи кои пред десетина дена се појавија во скопската населба Радишани, деновиве има нови, уште 12 случаи, од речиси сите општини во Скопје од кои 6 (шест) официјално лабораториски потврдени и 6 (шест) со јасна клиничка слика за кои се чекаат и официјални лабораториски потврди.

Сите заболени се невакцинирани лица, станува збор за деца на возраст од 8 месечна возраст, но и возрасни со 32 и  47 години.

Мали сипаници или морбили е високо инфективна болест на респираторниот систем предизвикана од вирус од групата миксовируси (paramyxovirus), од родот Morbillivirus. Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката). Симптомите вообичаено започнуваат да се јавуваат 10 – 12 дена после изложувањето и траат 7 – 10 дена. Иницијалните симптоми вклучуваат треска, често со температура поголема од 40 °C, кашлица, течење на носот, и воспалени очи. Мали бели точки познати како Копликови петна може да се формираат од внатрешната страна на устата два до три дена после почетокот на симптомите. Црвен исип вообичаено се јавува на лицето, а потоа се проширува на остатокот од телото три до пет дена после почетокот на симптомите. Чести компликации вклучуваат појава на дијареа (во 8% од случаите), инфекција на средното уво (7%) и пневмонија (6%). Поретко се јавуваат напади, слепило, или воспаление на мозокот.  Малите сипаници лесно се пренесуваат по воздушен пат преку кашлица и кивање од инфицирани луѓе. Исто така може да се пренесат преку контакт со плунка или назален секрет. Девет од десет луѓе кои не се имуни и се во контакт и делат простор со инфицирано лице ќе бидат заразени.

Првиот случај е заболено лице на возраст од 3 години, со место на живеење во општина Аеродром, невакцинирано со МРП вакцина, посетител на предучилишна установа „Бамби“ во населба Аеродром, но не било присутно во градинката повеќе од еден месец заради варичела.

Вториот случај е заболено дете на возраст од 1,5 година со место на живеење во општина Гази Баба, невакцинирано со МРП вакцина, посетител на предучилишна установа „Фидани“ во населба Чаир.

Третиот случај е заболено дете на возраст од 4 години со место на живеење во населба Радишани, општина Бутел, невакцинирано со МРП вакцина, посетител на предучилишна установа „11 октомври“ во населба Бутел 1 во која подолго време не бил присутен.

Четвртиот случај е заболено лице на возраст од 32 години со место на живеење во општина Кисела Вода, невакцинирано со МРП вакцина. Петтиот случај е заболено дете на возраст од 8 месеци со место на живеење во село Љуботен, општина Бутел, невакцинирано со МРП вакцина, не посетува предучилишна установа.

Клинички поставена дијагноза на морбили за лице на возраст од 47 години со место на живеење во општина Аеродром, со непознат МРП вакцинален статус.

Клинички поставена дијагноза на морбили за лице на возраст од 4 години со место на живеење во општина Центар, невакцинирано со МРП вакцина, посетител на предучилишна установа „Чекорче“ во населба Аеродром.

2.5 годишно заболено дете со клинички поставена дијагноза на морбили, хоспитализирано на Клиниката, со место на живеење во општина Аеродром, посетител на предучилишна установа „Сонце“ во населба Аеродром.

Во моментов (02.01.2019 година) имаме 7 лабораториски потврдени епидемиолошки поврзани случаи на морбили во населба Радишани, општина Бутел, Скопје, каде се пријави епидемија на морбили на локално ниво (населба Радишани), како и појава на 6 лабораториски потврдени случаи на морбили и 6 случаи со клинички поставена дијагноза на сомнение на морбили (лабораториско докажување во тек) од различни делови на град Скопје.

Со оглед на тоа дека имаме зголемен број на случаи на високо контагиозно заболување морбили, регистрирани во одреден кус период (сите случаи се појавени во се уште незавршениот инкубационен период на веќе појавените случаи на морбили во населба Радишани) на подрачје на Скопје, и покрај тоа што сите случаи не се епидемиолошки поврзани, имаме основана епидемиолошка индикација за пријавување на епидемија на морбили на цело подрачје на Скопје. – соопштија од Министерството за здравство.

На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби двајца од пациентите имаат потешка клиничка слика на воспаление на белите дробови.

Повикувајќи се на Законот за заштита на населението од заразни болести, членовите 56 и 57, од утре (3 јануари 2019 година) стапува на сила времена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП вакцината во сите градинки на подрачјето на град Скопје.

Информираме дека за жал на територијата на градот Скопје има нови 12 случаи, 6 се дефинитивно потврдени со соодветните анализи, за останатите 6 ги очекуваме во текот на следниот ден. Од 15.000 невакцинирани деца со повиците од вакциналите пунктовите само 310 се вакцинираа, што е мала бројка.

Добра околност е што училиштата не работат, поради распустот. Но, секако состојбата ја имаме под контрола. Станува збор за исклучително сериозно заболување што за жал понекогаш е фатално по животот на децата. Секое непочитување на препораките е дополнителен ризик по здравјето на целото население. – изјави министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...