Ваљево е еден од трите епицентри на зараза во Србија, најголем по својата големина и веќе е наречен „српски Вухан“. Дури 15 проценти од сите заразени во земјата се од Ваљево, а овој град го наведе и српскиот претседател Александар Вучиќ како еден од трите покрај Белград и Ниш, најмногу погодени од короната и кој би можел да биде изолиран.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 март, 2020 10:28

ЕПИЦЕНТАРОТ НА КОРОНАВИРУС ВО СРБИЈА: Ваљево- српски Вухан!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк извор.Курир.рс

Жариштето на Коронавирусот, каде дури 15 проценти од заразените во Србија се од Ваљево, и каде има 600 лица во изолација, од кои 100 се здравствени работници, пренесува српски Курир.

Ваљево е еден од трите епицентри на зараза во Србија, најголем по својата големина и веќе е наречен „српски Вухан“. Дури 15 проценти од сите заразени во земјата се од Ваљево, а овој град го наведе и српскиот претседател Александар Вучиќ како еден од трите покрај Белград и Ниш, најмногу погодени од короната и кој би можел да биде изолиран.

Според последните податоци, во Ваљево има 46 заразени, што е околу 15 проценти од сите  заразени во Србија. Со едноставна пресметка, за Белград да дојде во иста ситуација, ќе биде потребно да се заразат околу 1.000 жители на главниот град.

Состојбата во Ваљево ескалираше,  по прославата на компанија во етно-селото во Лелиќ на 29-ти февруари.

Во Србија во изминативе 24 часа, од 295 новотестирани, позитивни на коронавирусот биле 73 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 457 лица, изјави на денешната владина прес конференција директорката на Институтот за јавно здравје „Батут“ Верица Јовановиќ.

Во последните 12 часа хоспитализирани се 47 заболени, а вкупно 25 лица кои се водат како тешки случаеви ставени се на респиратор.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јовановиќ кажа дека денес е тежок ден за Србија, бидејќи во еден ден се регистрирани три смртни случаи, затоа што синоќа починале две лица, К.С. (80), кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар во Белград и П.Б (62), која бил хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш, додека непосредно пред прес-конференцијата, во Белград од коронавирус починала особа на 48-годишна возраст. Со тоа билансот на починати лица од коронавирус се искачи на 7 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.