Кој ќе ја води Европската комисија

Објавил: Узунов Бобан | 27 мај, 2019 9:04

ЕПП ќе ја формира новата Европска Комисија

Фото/Текст извор: ©магазин

Водечкиот кандидат на Европската народна партија за функцијата претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, изјави дека ЕПП по европските избори, и покрај загубите, и понатаму останува најголема група во Европскиот парламент.

Иако е кандидат за прв човек на Европската комисија многумина сметаа дека тој го нема форматот да ја води ЕУ во овие времиња. Тој директно од баварската замина во европската политика и таму, во Европскиот парламент, дотурка до шеф на пратеничката група на Европската народна партија. Берлин го прескокна. Никогаш немал функција во влада или министерство, дури ни во Баварија. Покрај бриселскиот ангажман нема никакво меѓународно искуство, а јазичките способности, освен англискиот, не се познати. Таквите кариери не придонесуваат нужно кон согледување на моќта во ЕУ каде државите-членки се уште го диктираат тонот-смета Крисоф Хаселбах.

-Не постои стабилно мнозинство во Европскиот парламент без Европската народна партија. ЕПП денес е најважната група ако ги погледнеме бројките, рече Вебер. По објавувањето на прелиминарните резултати од европските избори, тој истакна дека најважниот резултат е дека „европската демократија е жива”, што се гледа во излезноста од над 50 проценти.

Водечкиот кандидат на европските конзервативци вели дека ветил стабилност за граѓаните на Европа за време на кампањата и потврди дека ЕПП ќе работи за таа цел во следниот петгодишен мандат. Вебер ги повика сите да разговараат за мандатот за иднината на ЕУ, истакнувајќи дека соработката нема да биде со леви и десничарски екстремисти и ја истакна поддршката за водечките лидери на групите на изборите за претседател на Европската комисија. Тој посебно го поздрави успехот на Зелените, оквалификувајќиу ги како „големи победници“ и најави пеговори со нив за создавање мнозинство.

Според проекциите за идниот состав на Европарламентот, направени врз основа на делумните резултати од државите членки, два најсилни партии остануваат Европската народна партија со 178 мандати (38 помалку од досега) и социјалистите со 153 пратеници (34 помалку отколку во досегашниот состав). Либералите (АЛДЕ) се трета политичка сила, кои заедно со пратениците од листата на францускиот претседател Емануел Макрон имаат 109 мандати (40 повеќе од досега). Зелените добија 64 мандати, 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести