Вие како народ ја заштитивте вековната демократска традиција. Ви благодарам мои сограѓани од Истанбул.“ - изјави Екрем Имамоглу.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 јуни, 2019 20:51

Ердоган доживеа вистински ДЕБАКЛ во трката за градоначалник на Истанбул!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Екрем Имамоглу победи во трката за градоначалник Истанбул. Според првите и неофицијални резултати, за кандидатот на републиканската народна партија, гласале околу 55 проценти или 4 милиони и 600 илјади жители во Истанбул.

Kандидатот на партијата на Ердоган веќе го призна поразот и му честиташе на Имамоглу.

„Моментално води мојот противкандидат, Екрем Имамоглу. Упатувам честитки до него, и му посакувам успех. Изборите значат демократија. Овие избори уште еднаш покажаа дека демократијата во Турција функционира на најдобар и беспрекорен начин.“ изјави Бинали Јилдирим.

Последните резултати кои доаѓаат од Истанбул говорат дека кандидатот за градоначалник на Истанбул од редовите на опозицијата има сигурна и недостижна разлика од повеќе од 700.000 гласови.

„Упатувам благодарност до нашиот народ, и до моите сограѓани во Истанбул. Пред очите на целиот свет, вие ја заштитивте деморкатската репутација на Турција. Вие како народ ја заштитивте вековната демократска традиција. Ви благодарам мои сограѓани од Истанбул.“ – изјави победникот Екрем Имамоглу.

Локалните избори во Турција се одржаа кон крајот на март оваа година, но Врховната изборна комисија на државата на 6 мај донесе одлука со која ги поништи резултатите за градоначалник на Истанбул, и нареди повторување на изборите.

Некои од информации кои доаѓаат од Турција најавуваат дека Ердоган нема лесно да го прифати овој пораз, и страват дека се подготвува ново неизвесно сценарио.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.