Ердоган наведе дека е заразен со Омикрон варијантата на вирусот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 февруари, 2022 21:08

ЕРДОГАН ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирус и имаат благи симптоми.

Ердоган наведе дека е заразен со Омикрон варијантата на вирусот.

„Денеска добив позитивни резултати од тестот за Ковид, што јас и мојата сопруга го направивме по благи симптоми. Ќе продолжиме да работиме од дома“, напиша Ердоган на Твитер.

Дневниот број на нови случаи на коронавирус во Турција завчера надмина 100.000 за првпат од почетокот на пандемијата.

Според податоците на Министерството за здравство, во таа земја во изминатите 24 часа се потврдени 102.601 случај.

На крајот на декември дневната бројка на новозаболени беше околу 20.000, но од тогаш почна да расте. Од последното намалување во Турција, како последица на инфекцијата починале 198 лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е повеќе од 87.000.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.