Турција ќе воведе полициски час во 31 града во текот на изминатите два викенда, пренесе Ројтерс.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 април, 2020 19:57

ЕРДОГАН НАЈАВИ НОВИ МЕРКИ: Четиридневен полициски час во Турција!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека од четврток ќе биде воведен четиридневен полициски час во 31 града, како дел од напорите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Турција ќе воведе полициски час во 31 града во текот на изминатите два викенда, пренесе Ројтерс.

Ердоган рече дека полицискиот час ќе биде подолг овој пат заради државниот празник што паѓа во четврток, 23 април, додавајќи дека воведувањето полициски час за време на викендите би можеле да траат некое време.

Според бројот на заразени и почнати од ковид-19, прва е Европа со 1 094 150 заразени и 101 907 смртни случаи.

Прва на листата од европските земји е Шпанија со 198 674 заразени со новиот коронавирус и 20 453 смртни случаи. Властите објавија дека продолжува трендот на пад на бројот на смртни случаи во земјата.

Потоа следува Италија со 178 972 заразени и 23 660 починати, па Франција со 152 894 заболени од ковид-19 и 19 718 починати и Германија со 145 743 заразени, 4 642 починати и 91 500 излекувани лица.

Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ оцени дека со вчерашните новопријавени 1 775 заразени со коронавирусот, нивниот број на дневна основа се намалува втор ден по ред.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.