Според Ердоган „отворањето на Аја Софија за молитви означува обнова на (турската) нација“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јули, 2020 10:40

Ердоган: Најмалку 500 припадници на силите за безбедност ќе ја обезбедуваат Аја Софија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната прес конференција во Анкара, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека најмалку 500 припадници на силите за безбедност ќе се грижат за безбедноста на истанбулскиот храм Света Софија, чиј статус од неодамна е сменет од музеј во џамија.

Речиси 500 години, таа служела како една од главните џамии во градот и послужила за модел на многу други отомански џамии, како на пример Ахмедовата џамија, Шехзаде, Руштем-пашината, Сулејмановата џамија и комплексот Килиџ Али-паша. Секоја година, музејот Аја Софија го посетуваат над еден милион туристи. Често пати, Света Софија се нарекува осмо светско чудо на античкиот свет.

– Најавивме дека отсега Аја Софија ќе биде отворена 24 часа на ден. За безбедноста ќе се грижат 500 луѓе. Му благодарам на министерот за внатрешни работи (на Турција Сулејман Сојлу), рече Ердоган.

Според Ердоган „отворањето на Аја Софија за молитви означува обнова на (турската) нација“.

За потсетување, пред четири дена се одржа првата муслиманска молитва во Аја Софија во Истанбул откако храмот повторно доби статус на џамија.

Црквата Света Софиja или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот се наоѓа во реонот Фатих во Истанбул, Турција. Во периодот кога била изградена, односно во 4 век, до 1453 година служела како византиска катедрала на Константинопол, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала по заземањето на градот од страна на крстоносците и основањето на Латинската Империја. Како џамија, објектот служел од 29 мај 1453 година до 1931 година, кога истата била затворена. Од 1 февруари 1935 година претставува музеј.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.