Во Турција денеска се одбележува 949-годишнината од историската Битка кај Малазгирт (Манцикерт), и по тој повод Ердоган се обрати пред граѓаните во градот Муш.

Објавил: Владо Марин | 27 август, 2020 6:58

ЕРДОГАН: Оној кој е подготвен да застане пред Турција, нека повели или нека ни се тргне од патот

Фото/Текст извор: ©а1 он

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера порача дека Турција ќе го земе она што ѝ припаѓа и во Средоземното Море и во Црното и во Егејското Море, јави агенцијата Анадолија.

Во Турција вчера се одбележуваше 949-годишнината од историската Битка кај Малазгирт (Манцикерт), и по тој повод Ердоган се обрати пред граѓаните во градот Муш.

Во фокусот на обраќањето на Ердоган беа актуелните тензии во Источниот Медитеран, при што турскиот претседател ги предупреди лидерите на другите земји кои ѝ го оспоруваат правото на Турција на истражување и експлоатација на природните богатства на тоа подрачје.

Тој подвлече дека Турција „ќе го земе она што ѝ припаѓа и во Средоземното Море, и во Црното и во Егејското Море“.

Сакаме сите да бидат свесни дека Турција не е земја чија трпеливост, одлучност, спремност и храброст треба да се тестираат, предупреди Ердоган.

– Она што ќе го кажеме, тоа и ќе го направиме, по секоја цена. Оној кој е подготвен да застане пред нас, нека повели или нека ни се тргне од патот, додаде тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера порача дека Турција ќе го земе она што ѝ припаѓа и во Средоземното Море и во Црното и во Егејското Море!

Тој повтори дека Турција нема претензии кон териториите на ниту една земја.

 Како што ние немаме претензии кон ничија територија, суверенитет и интерес, нема да дозволиме узурпација на она што нам ни припаѓа, рече Ердоган и ги повика своите соговорници, како што рече, „да се оддалечат од грешките што би можеле да им го отворат патот до сопственото уништување“.

Анадолија потсетува дека Битката кај Манцикерт, односно кај денешниот град Малазгирт во источна Турција, се случи во 1071 година кога турските Селџуци, предводени од султанот Алп Арслан, го победија византискиот цар Роман IV. Последица на поразот беше ослабената одбранбена моќ на Византијците, но и доселувањето на турско население во историската област Анадолија.

Битката кај Малазгирт во историјата се смета за пресуден настан кој е директно одговорен за подоцнежниот распад на Византија, а Селџуците, водени од победата во таа битка, ги продолжија своите победнички походи во Мала Азија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...