Претседателот на Турција, Ердоган, решен Турција да стане економски независна држава, во најголемата криза одби кредити од ММФ и ја поврати економијата на стабилни "нозе"

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 11:52

Ердоган: Турција заврши со земање кредити од ММФ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По економското ебмарго и царинските блокади од САД кон Турција, кои ја ослабнаа Лирата до крајна граница, земјата е решена да стане економски независна.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција повеќе нема намера да зема кредити од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

На денешна Турција не и се потребни заеми или техничка поддршка од ММФ. изјави Ердоган.

Тој додаде дека темата земање кредити од ММФ е “затворена еднаш и засекогаш”.

Турција последните долгови кон ММФ ги подмири во 2013 година, а нови разговори на таа тема започна по падот на домашната валута – турската лира, во август, поради тензиите во односите со САД, откако Вашингтон ги воведе царинските давачки за увоз на челик и алуминиум од Турција.

ММФ ведна по ембаргото и царинските блокади се понуди на Турција да и даде три големи заеми со цел одржување на стабилноста на националната валута, но сите беа одбиени по кратка постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.