Ердоган: Ќе ја отворам вратата !

Објавил: Узунов Бобан | 6 септември, 2019 8:27

Ердоган: Ќе ја отворам вратата, ќе испратам милиони бегалци во Европа !

Фото/Текст извор: ©магазин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чија земја прими повеќе од четири милиони бегалци, се закани дека ќе пушти нов емигрантски бран во Европа доколку не добие поголема меѓународна помош.

Повеќе од 3,6 милиони од тие бегалци се Сиријци и Анкара сака во таа земја да се воспостави „безбедносна зона“ за тие да можат да се вратат.

„Ако тоа не се случи, ќе мора да ја отвориме вратата. Или ќе ни помогнете, или ако не го направите тоа, жал ми е, но постојат гранции до кога можеме да трпиме“, кажа Ердоган на телевизиски настап во Анкара.

„Предлагаме воспоставување безбедносна зона. Ако тоа го направиме, тоа ќе ѝ помогне на Турција“, додаде турскиот претседател.

Тој предупреди и на состојбата во Идлиб, сириската покраина покрај турската граница во која живеат 3 милиони луѓе кои се на мета на бомбардирања на режимот во Дамаск и од каде сѐ поголем број авганистански емигранти влегуваат во Турција.

„Немавме доволно голема поддршка и ќе мота да го направиме тоа за да ја добиеме“, додаде тој кажувајќи дека Турција потрошила 40 милијарди долари, а од Европската Унија добила едвај 3 милијарди евра за прифаќање на сириските бегалци.

Турција и ЕУ во 2016 потпишаа договор кој предвидува враќање во Тирција на оние емигранти кои нелегално влегле во Грција, во замена за финансиска помош од 6 милијарди евра на Анкара.

„ЕУ до денес исплати 5,6 од одобрените 6 милијарди евра“, одговори портпаролката на Европската комисија Наташа Берто, ветувајќи го остатокот „наскоро“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести