Над целиот источен дел на Сицилија има пепел по што ја намали видливоста во воздухот.

Објавил: Перо Милчин | 20 јули, 2019 18:56

ЕРУПЦИЈА: Етна исфрла оган, аеродромите затворени поради пепел во воздухот!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, почна да исфрла лава и пепел.

Како што пишуваат италијанските медиуми, жешката смеса е видлива во должина од еден и пол километар на едната страна од планината. Поради ова властите во Италија наредија итна евакуација на населението во тоа подрачје.

Над целиот источен дел на Сицилија има пепел, по што ја намали видливоста во воздухот. Поради тоа донесена е одлука за времено затворање на двата аеродрома до утре.

Етна е и еден од најактивните вулкани во светот. Плодната вулканска почва го поддржува земјоделството, поволна е за одгледување лозје и разни видови овошје кои се распространети во долните делови на планината.

Етна е стромболски вулкан на источниот брег на Сицилија. Етна е најголемиот активен вулкан во Европа со височина од 3,329 метри, но тоа варира според ерупциите. Планината е пониска за 21 метар од 1981.

Таа е највисокиот вулкан во Европа надвор од Кавказ. Вулканот е висок 3,329 м (10,922 ст) иако врвот варира согласно ерупциите. Таа е највисока планина во Италија јужно од Алпите. Покрива површина од 1,190 km2 (459 ми) со површина на основата која зафаќа 140 km.

Со тоа Етна е далеку поширока од трите активни вулкани во Италија, два ипол пати повисока од вулканот Везув. Само Теиде на Тенерифе (Шпанија) ја надминува во целиот Европско-Североафрикански регион, западно од Црното Море.

Во старогрчката митологија, смртоносното чудовиште Тифон бил заробен под оваа планина од страна на Зевс, бог на небото и на молњите и крал на боговите, а постојат легенди и дека ковачницата на богот Хефест исто така се наоѓала под вулканот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.