Рахиќ беше пратеник на СДСМ од 2002 до 2006 година, кога беше исклучен од партијата и во вториот пратенички мандат дејствуваше како независен.

Објавил: Перо Милчин | 11 јуни, 2019 17:56

Есад Рахиќ е назначен за нов директор на истражниот затвор во Шутка!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Есад Рахиќ е назначен за нов директор на истражниот затвор во Шутка. Тој доаѓа на месото од Ѓоко Котевски, кој уште во февруари си поднесе оставка од директорската фотеља.

Ѓоко Котевски поднесе оставка до Владата на 25 февруари, четири дена после настаните кои завршија со физички пресметки во затворот, а во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Есад доаѓа на местото на Ѓоко Котевски, кој си поднесе оставка уште во февруари.

Есад Рахиќ е назначен за нов директор на истражниот затвор во Шутка. Тој доаѓа на месото од Ѓоко Котевски, кој уште во февруари си поднесе оставка од директорската фотеља.

Како резултат на пропустите, како што беше наведено, во затворот бил овозможен првиот вербален и физички инцидент, а подоцна не бил спречен вториот вербален и физички инцидент, иако постоеле можности за заштита.

Покрај оставката на директорот Котевски, согласно констататираните наоди во извештајот, покренати беа дисциплински постапки за инволвирани лица кои ги прекршиле протоколите за работа.

Новиот директор Есад Рахиќ е роден во Скопје во 1964 година.

По професија е дипломиран правник. Политичката кариера ја започнал како член на СДСМ и бил пратеник во периодот 2002-2006, од каде подоцна бил исклучен и веќе во вториот мандат од 2006 до 2008 делувал како независен пратеник. Живее во Скопје. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести