НАТО е кога шпански авион од воена база во Литванија на грешка ја гаѓа со ракетен проектил Естонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 6:44

Естонија побара од Столтенберг НАТО да го објасни инцидентот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Естонија го повика генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да го истражи вчерашното случајното лансирање на ракета воздух – воздух.

Естонската Влада соопшти дека премиерот Јири Ратас телефонски разговарал со Столтенберг за инцидентот.

“Му кажав на генералниот секретар на НАТО дека тоа е сериозен инцидент и разбирливо е што сме загрижени поради тоа што се случи во Естонија. Колку што знам – никој не е повреден во инцидентот.” – посочи Ратас.

Тој додаде дека од Столтенберг побарал вчерашниот инцидент многу сериозно да се сфати и брзо да се утврдат околностите.

Шпански воен авион стациониран во Литванија по грешка за време на обука истрелал ракета над југозападна Естонија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.