Светлана Цеца Ражнатовиќ, Александар Вуксановиќ, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Весна Змијанац и многу други пејачи, мораа да ги откажат концертите поради пандемијата на коронавирус.

Објавил: admin@magazin | 13 март, 2020 8:39

Естрадните ѕвезди во минус поради КОРОНА: Цеца губи 100.000 евра, Лукас 80 илјади, а Весна откажа 2 концерти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради корона вирусот, Светлана Ражнатовиќ, Здравко Чолиќ, Аца Лукас, Лепа Брена и Весна Змијанац се принудени да ги откажат концертите што беа склучени со договор неколку месеци порано.

Светлана Цеца Ражнатовиќ, Александар Вуксановиќ, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Весна Змијанац и многу други пејачи, мораа да ги откажат концертите поради пандемијата на коронавирус.

За мене е важно здравјето на моето семејство, како и здравјето на целата нација. Јас откажав сè за март и чекам натамошен развој на ситуацијата – вели Брена.

Цеца викендов требаше да настапи на Музичкиот извик на Копаоник, а следната недела во Германија со Саша Матиќ. Поради откажаните настапи, пејачката изгуби 100.000 евра.

Ист е случајот со Аца Лукас. Тој имал три настапи закажани до крајот на месецот. Тој веќе откажа два, а третиот е под знак прашалник.

 Весна Змијанац е принудена да премести два концерта за мај.

– Луѓето треба да ги следат правилата. Никој не размислува за финансиски загуби затоа што здравјето доаѓа прво. Затоа, паниката не треба да се шири. Не ми е јасно зошто луѓето предизвикуваат толкав хаос таму каде што нема. Тие лелекаат дека немаат пари, собираат сè во супермаркетите, вели Лукас.

Неговата колешка Лепа Брена е повнимателна.

– Следете ги советите на лекарот. Следете ги информациите што да направите во случај на инфекција и водете сметка за превенција. Нема потреба од паника, но ситуацијата е алармантна – тоа е. За мене е важно здравјето на моето семејство, како и здравјето на целата нација. Јас откажав сè за март и чекам натамошен развој на ситуацијата – вели Брена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.