Инвеститорот кај "Мајчин дом" не само што не сака обештетување од 6 милиони евра за откуп на парцелата, Етеми најави градба но и тужба за обештетување со милионска сума

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 9:29

Етеми: Зграда кај „Мајчин дом“ ќе градам и ќе тужам за загуби

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин со произволни информации дека ќе го обештети инвеститорот, со што нема да се гради зграда кај “Мајчин дом”.

По информацијата објавена во дел од медиумите дека зградата кај “Мајчин дом” во Аеродром нема да продолжи да се гради се огласи и инвеститорот Фатмир Етеми.

Етеми ги демантираше овие тврдења, упатувајќи на правосилното одобрение за градба издадени од општината, со кое му се гарантира правото да продолжи со изградба на проектот.

„Деталниот урбанистички план е донесен од минатите власти, а јас сум ги добил сите дозволи и сум ги платил сите комуналии и давачки кон општината и не може да ми се забрани уставно загарнтираното право да управувам со мојот имот“.  – вели Етеми.

Иако градежните активности се уште се во мирување, поради привремената забрана од општина Аеродром, тој тврди дека изградбата сепак ќе продолжи, а за досегашните финансиски загуби, кои достигнуваат и милионски суми,

Етеми најавува тужби. Овен тоа, тој посочува дека тој не е единствниот кој со запирање на изградбата трпи загуби.

„Со платените комуналии жителите ќе имаат дополнителен бенефит, а општината доби средства кои можат да се искористат за подобрување на животот во Аеродром“. – додава Етеми.

Токму поради ова и изненадува односот на локалните и централните власти кон домашните инвеститори. Незадоволството го потврдува и неодамнешната анкета спроведена помеѓу бизнисмените, која покажала дека двајца од тројца менаџери се чувствуваат дискриминирано поради нееднаквиот однос на државата кон домашните и странските инвеститори.

На сличен став е и Етеми, кој смета дека бизнисмените од странство немаат интерес во земјава и само ја користат нашата евтина работна сила.

„Кога ваков третман би добивале домашните инвеститори, убеден сум дека економските бенефити за општините и граѓаните, а воедно и за државата би биле далеку поголеми“. – посочи Етеми.

Токму во таа насока и беше променет Законот за финансиска поддршка на инвестициите, откако се увиде дека претходната Влада за период од десет години, на странските инвеститори им одобрила државна помош од вкупно 121 милиони евра.

Што се однесува до борците за животна средина и активистите од Аеродром, и тие може да бидат спокојни, уверува Етеми бидејќи проектот кој го најави се предвидува да биде енергетски ефикасен, а пресметан е и простор за зеленило со уште поголема површина од сегашната. Дополнително најави и еколошки инвестиции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.