„Веруваме дека изборите на 9 август се лажни и не го признаваме Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија“, рече Борел на пленарната седница на Европскиот парламент.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 септември, 2020 21:52

ЕУ ОДЛУЧНА: Не го признаваме Лукашенко за претседател, подготвуваме санкции за белоруските функционери

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Европската унија не го признава Александар Лукашенко за претседател на Белорусија и се подготвува да воведе санкции за официјалните лица на таа земја, објави денеска во Брисел шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.

„Веруваме дека изборите на 9 август се лажни и не го признаваме Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија“, рече Борел на пленарната седница на Европскиот парламент.

Борел најави воведување санкции „за одговорните за насилството, репресија и фалсификување на изборните резултати“.

„Тие санкции треба да бидат донесени пред Европскиот совет на 24 и 25 септември во Брисел, ако сакаме да го зачуваме кредибилитетот на Европа“, посочи тој.

„Веруваме дека изборите на 9 август се лажни и не го признаваме Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија“, рече Борел на пленарната седница на Европскиот парламент.

Одлуката за санкциите треба да биде донесена во понеделник на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

„Ние сакаме решение што ќе овозможи санкционирање на Турција и Белорусија во ист ритам“, додаде Борел.

Борел го осуди продолжувањето на репресијата во Белорусија, каде „беа уапсени повеќе од 7.500 мирни демонстранти и каде беа евидентирани и документирани 500 случаи на тортура“.

„Ако ситуацијата продолжи да се влошува, ќе бидат разгледани дополнителни санкции. Ги повикуваме белоруските власти да најдат решение за кризата, запирање на насилството и незаконското притворање и воспоставување на инклузивен национален дијалог“, а ЕУ е подготвена да „поддржи каква било кредибилна иницијатива“ во оваа насока. , прецизира шефот на европската дипломатија.

Тој додаде дека новите санкции, „под надзор на ОБСЕ, ќе бидат најдобро решение, но досега беше невозможно да стапиме во контакт со белоруските власти на кое било ниво“, рече Борел.

„Одлучноста на Лукашенко да остане на власт, со очигледно зголемената поддршка од Москва, го отежнува тоа“, рече Борел ден по средбата на Лукашенко со рускиот претседател Владимир Путин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...