ЕУ со кредит од девет милијарди евра за Украина

Објавил: Перо Милчин | 19 мај, 2022 6:21

ЕУ со кредит од девет милијарди евра за Украина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен предложи да се осигураат уште девет милијарди евра кредит за Украина до крајот на оваа година.

„Ќе продолжиме да бидеме со нив за време на војната, но и кога ќе ја обновуваат земјата“, рече Фон дер Лајен во говорот во Брисел.

Од почетокот на руската инвазија, Европската Унија даде 4,1 милијарди евра за поддршка на економијата и општеството во земјата, како и за давање на хуманитарна помош, наведуваат од ЕК.

Во однос на зависноста од природниот гас, таа посочи дека земјите од Европската унија (ЕУ) веќе одобриле формирање на заедничка платформа за набавка на суровини, како и течен гас и водород. Дел од средствата што ќе се доделат на „REPowerEU“ (околу 10 милијарди евра) ќе бидат искористени за гасната инфраструктура што недостасува, како и за инфраструктурата за водород.

Планирани се и 2 милијарди евра за изградба на нафтоводи во случај на нафтено ембарго против Русија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.