Покрај земјава, од листата се отстранети и Израел, Косово, Либан и Црна Гора.

Објавил: Владо Марин | 31 август, 2021 6:03

ЕУ ја тргна Македонија од листата на безбедни ковид-земји

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Европската унија вчера ја отстрани Македонија од ковид-листата на безбедни земји со што повторно воведува построги гранични контроли за влез.

Покрај земјава, од листата се отстранети и Израел, Косово, Либан и Црна Гора.

ЕУ се обидува да ги усогласи правилата за патување во Унијата, иако членките не се обврзуваат слободно ја спроведуваат својата гранична политика.

Некои земји, како што се Германија и Белгија, веќе ги означија САД со црвено и бараат тестови на коронавирус и карантин, додека Франција и Холандија ги сметаат САД за безбедна земја.

На европската „бела листа“ сега има 17 држави, вклучувајќи ги Канада, Јапонија и Нов Зеланд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.