Ни ја оставија само душата, така испуштена и понижена да може да плаче за ова газење што ни го прават 29 години. И вие ќе славите. Што славите!

Објавил: admin@magazin | 16 октомври, 2019 23:48

ЕФТОВ: „Да бевме нормална држава оваа влада немаше никогаш да дојде на власт, името го продадоа за две кила сирење„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гледам славите. Прво мислев дека Вардар победил во ракомет или дека Македонија победила во фудбал.

Потоа разбрав дека славите бидејќи Македонија можеби нема да добие датум за преговори со ЕУ. Се извинувам што славите. Ни го сменија името. Ни го земаа достоинството. Не натераа да си ја смениме историјата. Не натераа да коленичиме пред Бугарите и Грците. Не натераа на чело на Армијата да ставиме УЧК и кои во 2001 година пукаа во иста таа армија. Што треба уште?

Да го ставиме Јован Вранишкоски да биде поглавар на Македонската црква ако Србија стане членка на РУ пред нас. Децата ни ги земаа да работата по бродови и на скелинја по белиот свет.

Ни ја оставија само душата, така испуштена и понижена да може да плаче за ова газење што ни го прават 29 години. И вие ќе славите. Што славите? Ќе паднела владата на Заев. Ние да бевме нормална држава таа влада немаше никогаш да дојде на власт. Како што, ако сме нормална држава, никогаш на власт не смее да се врати партијата која даде 8, 10 или 12 свои пратеници за да биде сменето името.

Ми личите сега на онаа несреќна мајка која со валканата вода (Заев)го фрла во ѓубрето и детето (Македонија) кое го бањала во коритото.

Ало ни го сменија името за тој датум. И вие се радувате дека нема да добиеме датум. Тие не понижуваат а вие се радувате. Во кој лош тунел ве напикаа: Да се радувате дека ќе го смениме името или да се радувате дека нема да добиеме датум иако не сме го смениле името.

И да ви дадат датум да им го вратите. Само така можеме да си го вратиме достоинството, ако веќе со овие две големи партии и политички елити не можеме да си го вратиме името. Бидејќи името ние е големо, а ние си го продадовме за две кила сирење.

Фејсбук статус на Васко Ефтов!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...