– На денешната седница Владата би требало да назначи директори и на други претпријатија или институции.

Објавил: Владо Марин | 20 октомври, 2020 13:13

Ејуп Рустеми ќе биде директор на Државни патишта

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Досегашниот директор на Македонска пошта ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, соопшти  премиерот Зоран Заев.

– На денешната седница Владата би требало да назначи директори и на други претпријатија или институции.

Дел од одлуките ќе бидат донесени денеска. Дел ќе бидат донесени одлуки за распишување на конкурс бидејќи има институции кои своите раководни места ги бираат на конкурс. Има и дел од одлуки со кои ќе се дадат јасни упатства на управни и надзорни одбори поставени од Владата за политичко постапување на раководни места, изајви Заев.

Рустеми доаѓа на местото на Зоран Китанов, кадар на СДСМ.

На директорското место на Македонска пошта треба да застане кадар од СДСМ. Власта веќе најави дека за оваа институција се размислува да премине во јавно-приватно партнертво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести