Тој на својот фејсбук профил ги откри ликовите Жаки, Коки и Раки, во продолжение неговиот статуст ви го прикажуваме во целост.

Објавил: Весна Петровска | 22 јули, 2019 17:39

Жаки и Рики нови имиња во Рекет – едниот главна фаца во телекомуникацискиот бизнис, а другиот во власта

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Новинарот Бранко Героски повторно го зазема центарот на вниманието на македонската јавност октивајќи нови ликови во случајот „Рекет“.

Тој на својот фејсбук профил ги откри ликовите Жаки, Коки и Раки, во продолжение неговиот статуст ви го прикажуваме во целост.

Бранко Героски со нови детали за случајот Рекет

ЖАКИ, КОКИ И РАКИ – 400.000 ЕВРА РЕКЕТ?!

Жаки, важна фаца во телекомуникацискиот бизнис, дал изјава каде што треба, дека Коки му изрекетирал 400.000 евра. 300.000 евра зел Коки, а 100.000 евра биле за Раки, важен човек од власта. Така признал Жаки. Така ми шепна врапчето денеска… напиша на својот Фејсбук профил, новинарот Бранко Геровски

 

За потсетување, Героски беше тој кој во јавноста го најави рекетот каде главни актери се Бојан ЈОвановски познат како Боки 13 и Зоран Милески познат како Зоки Кичеец, двајцата заработија 30 дена притвор. 

Боки 13 престојува во хашките простории. Интересно беше што Катица Јанева во истиот ден пред да ги притворат даде неотповиклива оставка од Специјалното јавно обвинителство. Што логично беше јавноста да го препознае во неа тој јавен обвинител за кој зборуваше Героски во неговите написи, па СЈО по приведувањето на првоосомничениот и второосмничениот го одзеде мобилниот телефон на Катица Јанева на вештачење кое ќе утврди дали шефицата на специјалното обвинителство има некаква поврзаност со осомничените за Рекет.

Најново што ЈО денеска ја информираше јавноста е дека извештајот од мобилниот е во рацете на Вилма Рускоска, но таа не сакаше повеќе да коментира во корист на истрагата и изјави дека сите потребни информации јавноста ќе ги дознае на време.

Останува да видиме кои стојатат позади имињата Жики и Рики…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.