Според неофициални извори до кои дојде ИН Телевизија, познатиот музичар од кога го прележал ковид-19 вирусот имал компликации со здравјето, по што починал.

Објавил: Перо Милчин | 12 февруари, 2021 9:20

ЖАЛНА ВЕСТ: Од последици на Ковид 19 почина познатиот саксафонист од Битола Ице Атанасовски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот музичар-саксафонист, Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со Корона вирусот.

Според неофициални извори до кои дојде ИН Телевизија, познатиот музичар од кога го прележал ковид-19 вирусот имал компликации со здравјето, по што починал.

Вчера со неверување се простуваа неговите колеги и познаници.

Тажната вест ја потврди и неговиот колега Илија Ампевски.

– Жално е колку луѓе нѐ напуштаат прерано. Ице беше еден од моите најдобри пријатели и колеги. Жал ми е многу денес. Верувам, Бог ти подготви место во неговото царство, друже – вели Ампе.

Ице е роден 18 ноември 1978 година во Битола, до пред некоја година беше член и на групата Модус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam