Увид на лице место на 27.08. 2021 беше извршен од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител.

Објавил: Владо Марин | 2 септември, 2021 20:51

ЖАЛНА ВЕСТ: Почина братот на претседателот Пендаровски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По повод информациите објавени попладнево на порталите, кабинетот на претседателот Стево Пендаровски го издаде следното соопштение.

Братот на претседателот Пендаровски, Војче, почина во сопствениот дом во скопската населба Мичурин.

Увид на лице место на 27.08. 2021 беше извршен од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител.

При тоа, не се утврдени никакви знаци на насилство.

Погребот е спроведен во кругот на најблиските роднини и пријатели со почитување на Ковид протоколите.

Во 2018 година на Војче Пендаровски поради повеќе инциденти во Агенцијата за разузнавање му било одземено службеното оружје по што бил префрлен во писарницата на Агенцијата за разузнавање без право да носи службено оружје, пишуваше тогаш Радио Лидер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam