Ирена Шукоски е родена 1984 година, а член е на Дражавна комисија за жалби по јавни набавки од ноември 2018 година. Државната комисија изразува длабоко сочувство до семејството.

Објавил: Владо Марин | 15 јуни, 2020 14:21

ЖАЛНА ВЕСТ: Почина Ирена Шумкоски, член на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По кратко боледување, вчера на 35 годишна возраст почина Ирена Шумкоски, член на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Ирена Шукоски е родена 1984 година, а член е на Дражавна комисија за жалби по јавни набавки од ноември 2018 година.

Државната комисија изразува длабоко сочувство до семејството.

Државната комисија за жалби по јавни набавки е надлежна за решавање жалби во постапката за доделување на договори за јавни набавки и е самостоен државен орган со својство на правно лице. Државната комисија обезбедува правна заштита врз основа на принципите на законитост, ефикасност, економичност и контрадикторност на постапката.
Визија на Државната комисија за жалби по јавни набавки, е да придонесе за засилување на целокупниот систем на јавни набавки, преку квалитетна и транспарентна работа.
 
Мисија на Државната комисија е да обезбеди брза, oбјективна и ефикасна правна заштита во постапките за доделување договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство. Правната заштита е достапна во сите фази на постапката, од објавата на огласот до доделувањето на договорот за јавна набавка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam