Последните години беше дел од тмот на порталот „SDK.mk“ (Сакам да кажам).

Објавил: Владо Марин | 19 септември, 2020 14:08

ЖАЛНА ВЕСТ: По кратко боледување, рано утрово почина познат новинар од Охрид

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По кратко боледување, рано утрово почина Драган Чубриќ (67), долгогодишен новинар од Охрид.

Чубриќ дипломирал новинарство во Белград.

Имаше плодна и богата новинарска кариера. Беше дописник на дневните весници „Нова Македонија“, „Вест“, во еден период работеше и како уредник во локалната телевизија ТВМ, а беше сопственик и уредник на порталот „ОhridLive“.

Последните години беше дел од тмот на порталот „SDK.mk“ (Сакам да кажам).

Негова пасија беше авиомоделарството. Беше претседател на Аерооклубот „Охрид”. Ќе остане запаметен по љубовта кон новинарството, новинар од „стариот ков“, доследен на професија.
Чубриќ во својата долгогодишна кариера и објавените безброј текстови, остави белег во охридското и македонското новинарство.

Погребот на новинарот Драган Чубриќ ќе се изврши утре во 12 часот на градските гробишта во Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam