Од компликации со коронавирус почина 49-годишниот лекар интернист Шкури Фазлији.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 ноември, 2020 13:17

ЖАЛНА ВЕСТ: Уште еден лекар во кумановската болница почина од коронавирус

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Од компликации со коронавирус почина 49-годишниот лекар интернист Шкури Фазлији.

Според информациите, Д-р Фазлији бил во тешка здравствена состојба и три дека се лекувал на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на ковид – 19.

Исто така во последните 24 часа на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола починаа четворица пациенти сите од Битола, а на возраст од 71, 72, 73 и 75 години, објави Тера.

Со ова вкупниот број на починати пациенти во Битола е 47.

Во моментов бројот на активни случаи во Битола е 606, а бројот на оздравени е 548.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam