Веста за неговата смрт ја објави месната заедница од Боговиње, а ја потврди и градоначалникот, Албон Џемаили.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 декември, 2020 18:16

ЖАЛНА ВЕСТ: 41-годишниот д-р Дервиши ја загуби битката со Ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

41-годишниот д-р Дашмир Дервиши од тетовското село Боговиње ја загуби битката со Ковид-19. Трагичната вест за матичниот лекар ја соопшти и градоначалникот, Албон Џемаили!

Веста за неговата смрт ја објави месната заедница од Боговиње, а ја потврди и градоначалникот, Албон Џемаили.

„Многу ми е жал што пишувам за веста што сите ги слушнавме, за смртта на докторот Дашмир Дервиши, кој исто така беше мој сограѓанин. Се чувствувам многу тажно од оваа вест. Преку оваа порака им го пренесувам моето искрено сочувство на семејството и роднините на нашиот пријател“, напиша Џемаили на Фејсбук.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 37 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 480 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Вкупно 480 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“,информираат од Министерството за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam