Билкарите речиси секогаш меѓу најдобрите лековити билки ја класифицираат жалфијата. И според најстрогите критериуми, таа може слободно да ја понесе титулата за најлековита билка во светот.

Објавил: admin@magazin | 24 октомври, 2020 20:24

Жалфија – најлековитата билка во светот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Според докажани истражувања, жалфијата е полна со антигабични и антибактериски својства. Не само што ја намалува болката во грлото, туку и има одличен вкус. Ваквата билка можат да ја конзумираат и дијабетичари.

Билкарите речиси секогаш меѓу најдобрите лековити билки ја класифицираат жалфијата.

И според најстрогите критериуми, таа може слободно да ја понесе титулата за најлековита билка во светот.

Жалфијата или латински Salvia officinalis од многу одамна се користи за лекување на речиси секоја болест.

Модерната наука докажа дека жалфијата има антибактериско и антигабично дејство, смирува, освежува и ве закрепнува, помага во борбата против болки и високата температура, може да го намали нивото на глукоза во крвта, што ја чини корисна и за дијабетичарите.

Билкарите речиси секогаш меѓу најдобрите лековити билки ја класифицираат жалфијата.

Неодамна се покажа дека жалфијата го подобрува помнењето и делува против Алцхајмеровата болест.

Праксата докажала дека одлично ја прочистува крвта и еднакво добро помага при исфрлањето на секрет од организмот. Поволно делува и на циркулацијата, против крварење и воспаленија.

Поради силното антисептично дејство, се користи и во лекувањето на афти, непријатниот мирис, проблеми со грлото и крајниците, кариес и проблеми со непцата. Ако имате такви проблеми – редовно обилно плакнете ја устата со чај од жалфија.

Жалфијата делува против зачестените повраќања и проливот, а подобро од било која друга билка помага во работата на цревата и желудникот.

Поволно делува на женските тегоби. Го подобрува тонусот на матката, делува антигабично, помага при регулирање на менструацијата, воспоставува хормонска рамнотежа и спречува тешкотии при менопауза.

Жалфијата помага и кај работата на бубрезите и спречува појава на едем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...