„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Објавил: admin@magazin | 10 јануари, 2023 6:14

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ е во пресрет на утрешниот брифинг со новинарите во скопското обвинителство каде се води истрага во која Митрев е осомничен за измама на пациенти

Докторот Жан Митрев, сопственик на истоимената приватна клиника во Скопје, вели дека не се плаши од обвинение за измама во врска со лекувањето ковид-пациенти со методот на хемофилтрација и не планира да се спогодува со обвинителството.

„Не се плашам од обвинение. Нема измама. Ќе се докажуваме, ако треба 100 години ќе се докажувам пред суд бидејќи нема такво нешто“, рече Митрев во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ.

Митрев во телевизиското гостување тврдеше дека никогаш не ги лажел пациентите и нивните семејства и оти на никој не му кажал дека хемофилтрацијата е лек за корона.

„Никогаш не сум рекол дека тоа е нешто што лекува корона, туку дека тоа е можно да им помогнеме на некои пациенти“, тврдеше докторот.

Хемофилтрацијата, зборуваше тој, не е ништо ново и секоја интензивна нега на кардиохирургија е „фамилијарна“ со оваа метода на лекување, а во неговата клиника се користела од самото основање.

„Овој начин на хемофилтрација, како најсофистициран, е од 2008 година, а од 2013 година е и „Огзирис“ хемофилтерот, како посебен софистициран филтер кој, покрај другите токсини во организмот, вади и делови од бактерии, вади некои имунолошки активности, т.е. хиперактивности кои дополнително може да му наштетат на организмот“, рече Митрев.

Неговото вечерашно интервју е во пресрет на утрешниот брифинг со новинарите што го организира шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски, и обвинителката Искра Хаџи Василева која ја води истрагата во која Митрев е осомничен за измама на пациенти, а која беше покрената по објавувањето на документарецот „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

Тврдејќи во неколку наврати дека не мамел пациенти и семејства, Митрев и вечерва обвини по дел од медиумите за инсценирани напади против него.

„Не знам зошто е толку потребно јавноста да биде претходно инволвирана, т.е. медиумите. Видовме еден дел од медиумите што сè можат да направат со инсценирани, превртени и буквално лаги кои се пласираа на таков начин како се пласираа и направија една грозоморна атмосфера во тоа време околу нас“, искоментира докторот за утрешниот брифинг во обвинителството.

Во одбрана дека не правел измами, Митрев тврдеше и дека за третирањето пациенти имало согласности и семејствата биле свесни дека и покрај тоа што некој ќе биде третиран со хемофилтрација може да почине.

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција со фамилиите за да може да ги гледаат пациентите. Први дозволивме фамилиите да може да дојдат на интензивна нега, прописно облечени и да може да ги посетат и видат. Бевме максимално отворени за сето тоа што го работевме“, рече Митрев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...

„Во неколку наврати имам кажано, таа партија сè уште се води и се управува од Мала Речица. Сè додека е така мислам дека одиме во погрешна насока. Но, можам да му

Димитриевски: Ние Македонците УЧК ја чувствуваме како окупациона сила

Актуелниот градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Темата...