Министерот Филипче ако беше загрижен само за здравјето немаше да тактизира со тендери, плати на медицинскиот персонал и шетање на пациентите по болници низ државата

Објавил: Мартин Попоски | 29 ноември, 2018 9:32

Жан Митрев ќе го “преименува” Филип Втори а ќе ја добие детска кардиохирургија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Математиката, логиката и лојалноста се подвоени нешта со македонскиот морал, Жан Митрев одделение на скопската Воена болница доби откако СДСМ го прогона неколку пати од Македонија за денес да е подготвен на “плодна соработка”.

Меѓутоа и покрај најавите, министерството се двоуми.

Тимот за детска кардиохирургија место да се сели во приватната болница на д-р Жан Митрев, Министерството за здравство ја разгледува опцијата тој да остане на Клиниката за детски болести, а во рамки на дополнителна работа да се воспостави јавно приватно партнерство.

Ова го кажа министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сега прават анализа на податоците и трошоците за кардиохируршки интервенции кај деца овде и во странство и дека сѐ уште се разгледува моделот по кој ќе може да се искористат просторот и искуството од приватните болници со искуството што го има кардиохируршкиот тим од Клиниката за детска хирургија. 

Македонското здравство никако да добие професионален министер. По Филипче постариот кој препродаваше лекови со поминат рок го добивме Османи кој заборави што е лекар, па министерот за смрт, Тодоров, и на крај Филипче јуниор кој е фан на тендерите.

Според него до крајот на годината ќе бидат готови анализите и ќе може да има нов модел за подобри услови за операции на срце кај бебиња и мали деца.

Тој пред еден месец кажа дека ја разгледуваат опцијата целиот тим за кардиохирургија од Клиника за детска хирургија да се префрли во приватната болница на д-р Жан Митрев.

Станува збор за еден процес во кој планираме да влеземе. Се уште не е донесена одлука, но би сакал да ги нагласам предностите пред се од аспект на децата. Сега во моментот самата организација на процесот, бидејќи бара мултидисциплинарен пристап е многу комплицирана и со ова сакаме да обезбедиме родителите и децата да не се шетаат од клиника на клиника, туку на едно место да ја добијат услугата. – рече Филипче.

Според него се разгледуваат неколку опции и во тек е оценката на моделот каде ќе се водат вработените за да бидат на располагање на сите пациенти.

Не станува збор за селење на кадарот во приватни болници и дека со тоа ќе се одрази на работата на Клиниката, бидејќи овој тим работи само кардиохирургија. Доколку е потребно и ќе го зајакнеме тимот. Не очекуваме намалување на кадарот, бидејќи сметаме дека ќе може да работат и во јавната здравствена установа и во рамки на дополнителна работа да се искористи просторот на приватната болница. Се уште го разгледуваме и моделот околу дополнителната работа. Сметам дека јасната поделба меѓу приватно и јавно здравство треба да се надмине и да се искористат сите капацитети, додека го изградиме клиничкиот центар. – рече Филипче.

Детската кардиохирургија на Клиниката за детски болести беше воведена пред шест години, кога тим американски лекари предводени од д-р Вилијам Новик заедно со македонските хирурзи ги почнаа првите операции на бебиња до едногодишна возраст.

Со тимот за детска кардиохирургија, кој го предводи д-р Владимир Чадиковски, низ годините работеа повеќе странски доктори и професори, а во моментов со нив работат хирурзи од Србија. Д-р Чадиковски вели дека годишно на Клиниката за детска хирургија прават шеесетина операции на срце кај бебиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...