Според портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, несреќата се случила меѓу патнички воз и автомобил марка „фолксваген голф“.

Објавил: Перо Милчин | 23 септември, 2019 18:04

ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА НА ПРУГАТА ШТИП – КОЧАНИ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Синоќа на пругата Штип-Кочани се случи железничка несреќа, при што повредени патници нема, но има причинета материјална штетата.

Како што изјави портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, несреќата се случила меѓу патнички воз и автомобил марка „фолксваген голф“.

-Несреќата се случила во 19:55 меѓу стојалиштето кај Облешево и железничката станица Кочани помеѓу патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје-Кочани и патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 21 годишниот А.И од село Спанчево, вели Панајотова.

Во несреќата причинета е голема материјална штета. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Како последица на несреќите, железничките претпријатија во изминатиот период бележат голема материјална штета на железничката опрема, постројките и на сообраќајните возила.

Билтените на МВР регистрираат случаи на кражби на делови од пругите, како и каменувања на возовите, што се одразува на безбедноста на сообраќајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...