Непосредно после инцидентот кај Видиковац, кога комунална полицајка со полесни повреди заврши во Ургентниот центар, полицијата ја приведе Садија.

Објавил: admin@magazin | 14 јануари, 2020 19:14

Жената која ја нокаутира полицајката излезе од притвор: Еве што и порача на СРБИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Садија Д. (37), која во неделата ја нокаутираше полицајката на пазарот во Видиковац, денеска беше пуштена на слобода после два дена поминати во притвор.

Непосредно после инцидентот кај Видиковац, кога комунална полицајка со полесни повреди заврши во Ургентниот центар, полицијата ја приведе Садија.

На осомничената и се заканува казна затвор од 2 до 8 години за напад врз физичко лице кое претрпело телесни повреди.

Ме нарекоа Тајсонка, сега се смеам сега со тој прекар. Слушнав и дека многу ме поддржуваа и дека стоеја покрај мене. Благодарна сум на мојот народ. Благодарам на Србија! рече Садија за курир.рс веднаш по ослободувањето од притвор.

Таа ги негираше некои обвинувања дека сето ова се случило заради лична пресметка, која, наводно, датира со неа и полицајката за место за продажба на стока илегално.

На видеото што се објави на социјалните мрежи се гледаше како жената се обидуваше да ги спакува во куферот работите што ги продаваше, по што таа започнува да пцуе.
Видеото го покажува моментот кога една жена која ги влече куферите нагоре по скалите се врти и со тупаница ја удара комуналната полицајка, која таа веднаш паѓа на земја.
Полицајката прво остана на нозе, но потоа падна. Полицајката остана да лежи на патот, свртена кон бетонот, а продавачката побегна. Веднаш после немилиот настан продавачката беше приведена на сослушување во полициската станица во Белград.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...