Нов подвиг во истражувањето на вселената

Објавил: Узунов Бобан | 11 април, 2019 18:46

Жена е виновна за првата фотографија од црна дупка во вселената

Фото/Текст извор: ©магазин

Кејти Боуман е 29-годишна девојка која го креираше алгоритмот кој помогна да се направи првата фотографија од црна дупка во светот. Фотографијата беше објавена вчера, а Кејти изјави дека сето тоа и изгледа неверојатно затоа што мислела дека никогаш нема да успее, пренесува CNN. 

Се работеше во мала и топла просторија. На судбоносниот ден минатото лето, Кејти Буман заедно со тројца истражувачи работеа во мала просторија на универзитетот Харвард, далеку од љубопитните очи, за да ја видат сликата која со години се чекаше.
Истражувачите од целиот свет ги здружија силите за да соберат огромно количество на астрономски податоци, доволни за да зафатат половина тон хард дискови, во надеж дека ќе ја направат првата слика на црна дупка во светот. За да го постигнат ова, на тимот му беа потребни алгоритми за обработување на сите хаотични и сложени податоци за да се добие една сеопфатна слика. Буман, која не е експертка по астрофизика, туку по информатика, беше дел од малата група на луѓе кои долги години ги развиваа и тестираа овие методи

„Со неверување го следат вчитувањето на фотографиите на мојот лаптоп” напиша таа на својот профил на Facebook во описот на фотографиите направени во моментот на големото откритие. Кејти почнала да го прави алгоритмот пред три години, додека била студент на престижниот американски универзитет МИТ.

Нејзиното име му стана познато на светот само неколку минути откако беше објавена фотографијата. Многумина и се обратија преку социјалните мрежи, честитајќи и за големото откритие, односно за нејзиниот придонес во креирањето на првата фотографија од црна дупка во светот. 

Научниците вчера ја објавија првата фотографија од црна дупка во историјата на човештвото. Станува збор за црна дупка која се наоѓа во галаксијата M87 и е 55 милиони светлосни години оддалечена од Земјата. На ддотографијата се забележува прашина и гас, односно одбиената светлина од материјата која кружи околу колосалната црна дупка. Фотографијата е направена благодарение на проектот за виртуелниот телескоп Event Horizon Telescope или EHT. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести